Search

Оваа храна може да предизвика болест и ненадејна смрт

Храната користете ја како лек и не дозволувајте таа да предизвика некаква болест. Обработената храна може да го зголеми ризикот за болести на срцето, но може да предизвика и ненадејна смрт.

Две студии објавени во британско медицинско списание ја објаснуваат врската помеѓу јадењето на многу намирници, црвено месо и оштетеното здравје.

Истражувачите изјавиле дека треба да се обидеме да јадеме што повеќе свежа храна, но признале дека треба да најдат повеќе докази за оваа теорија.

Во истражувањето учествувале 105.000 возрасни Французи. Кога обработената храна е зголемена за 10 отсто, ризикот за кардиоваскуларни болести се зголемува за 11 отсто што влијае на снабдување на мозокот и срцето со крв.

Во друго истражување спроведено на Универзитетот Навариа во Шпанија, набљудувани се 20.000 воздрасни луѓе во период од 10 години. Поголеми порции на обработена храна се поврзани со 62 отсто од зголемување на ризикот од смрт заради било која причина за разлика од оние луѓе кои јаделе помалку од две порции од истата храна.

Загрижувачки е тоа што дополнителната порција на обработена храна го зголемува ризикот од смрт за 18 отсто. Затоа многумина ја предложуваат Медитеранската диета за која докажано е дека штити од хронични болести.

Обработената храна во себе содржи многу соли, шеќери и масти кои вкусот на храната го прават да биде побогат и подолготраен.

Треба да знаете
Последни објави