Search

Најмалку седуммина повредени на протестот пред албанскиот Парламент

Протесот на албанската обединета опозиција синоќа ескалираше пред Парлементот, кога толпата се обиде насилно да влезе во зградата.

Полицијата засилена со прпадниците на специјалната едница за брза интервенција беше приморана да употреби солзавец и водени топови врз насобраните луѓе, кои извикуваа премиерот Еди Рама да замине од функцијата и фрлаа чадни бомби.

Повредени се петмина полицајци, камерман и учесник на протестите.

Претседателот Илир Мета ги повика демонстрантите да се воздржат од насилни акти, а истото го направи и министерот за внатрешни работи Сандер Леши, кој директно од лидрот на Демократската партија побара да ги повлече демонстрантите..

Протестот почна пред Владата каде се обрати Баша повторувајќи ги барањата за заминување на премиерот Рама, формирање преодна влада и спровдување предвремени парламентарни избори.

Баша откако премиерот Рама го нарече политички мртовец, рече дека ова до сега е најмасовно национално обеднување, „обединување на ограбените, угнетени, измамени, предадени Албанци од криминална банда која не може да биде влада на Албанија”.

Демонстрантите синоќа неуспешно се обидоа да го пробијат полицискиот кордон,  фрлаа црна боја, тврди предмети и протехнички средства врз зградата на Владата.

На протестот, кој се смета за најмасовен до сега, според организаторот само од внатрешноста на земјата прстигнале над 65.000 граѓани.

Рама на изборен митинг во Лежа порача дека нема никаква можност да се одложат локалните избори закажани за 30 јуни и никаква можност за негова оставка.

Треба да знаете
Последни објави