Search

Кривични пријави за двајца тирски државјани за фалсификување зелена карта

На 02.06.2019 во 11,30 часoт на Граничниот премин „Деве Баир“, на влез во Р.С. Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување на исправа“ (зелена карта) бил приведен И.Р.М.(57) од Р.Бугарија, кој управувал патничко моторно возило „Шевролет“ со турски национални ознаки. Лицето е задржано во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Истиот ден во 11,45 часoт на Граничниот премин „Деве Баир“, на влез во Р.С. Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување на исправа“ (зелена карта) бил приведен A.O.(40) од Р.Турција кој поседувал бугарска патна исправа и управувал патничко моторно возило „Мазда“ со турски национални ознаки. Лицето е задржано во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави