Search

Гувернер на германска покраина пронајден мртов, бил застрелан во главата

Гувернерот на германскиот регион Касел, Валтер Лубцке пронајден е мртов утрово во дворот пред куќата, јави агенцијата „Анадолија“.

Полицијата соопшти дека причината за смртта е непозната и дека е отворена истрага, пенесе „Ал Џезира“.

Германските медиуми пак пренесуваат дека неговото тело е пронајдено со прострелна рана на главата и дека истрагата ќе открие дали се работи за убиство или самоубиство.

На лице место се наоѓа голем број полицајци и истражители, кои се обидуваат да го пронајдат оружјето со кое е застрелан.

Лубцке е 65-годишен политичар од владејачката Христијанско-демократската унија. Бил пратеник во покраинскиот парламент во Касел, а ја предводел и Владата на тој регион.

Треба да знаете
Последни објави