Search

(Видео+фото) Вистиската еуфорија на концертот на Стинг

Вистиската еуфорија на концертот на Стинг

По големата прослава на плоштад, голем број граѓани ја продолжија победничката атмосфера кон стадионот „Тоше Проески“ да го проследат концертот на Стинг.

Вистиската еуфорија започна по 10 часот кога стадионот почна да се полни. Победата на ракометарите на Вардар во Лига на шампиони допринесоа атмосферата на концертот да биде пожешка.

Публиката пристигнуваше со дресови на Вардар и македонски знамиња. Со хитовите на Стинг се слави победата на Вардар, се пие пиво и вино и се игра на секоја песна.

Музичката ѕвезда го отвори концертот со песната Message in a bottle. Стадионот преполн. Атмосферата феноменална. Пред Стинг настапи Влатко Стефановски, кој со „Јовано Јованке“ ја честита победата.

И Стинг им честита на шампионите, а доби дрес од Вардар. Организатори на концертот се „Авалон“ продукција.

Треба да знаете
Последни објави