Search

Брендирање на бизнисите од проектот „Мој Карпош – моја картичка”

Почна брендирањето на сите бизниси кои се приклучија кон проектот „Мој Карпош – моја картичка”. Примарната цел на картичката, соопштуваат од Општина Карпош, е да ја раздвижи економијата на локално ниво.

– Бизнисите да понудат попусти, во периодите или деновите кога имаат помала потрошувачка, а граѓаните да купуваат или да добиваат услуги по пониски цени. Општина Карпош изработи налепници за сите локали кои одлучија да понудат попусти и бенефиции за граѓаните, со цел карпошани да бидат информирани каде можат да купуваат по пониски цени, се наведува во соопштението.

Оттаму информираат дека кон проектот „Мој Карпош – моја картичка” се приклучиле повеќе од 200 бизниси кои работат на територија на Карпош, а картичка добиле повеќе од две илјади граѓани.

За оваа картичка граѓаните можат да се регистрираат на www.mojkarpos.mk или во просториите на урбаните заедници.

Треба да знаете
Последни објави