Во ЕУ Инфо Центарот ќе се одржи работиница на тема „Подобрување на квалитетот на водзухот со помош на стандарди”, во организација Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) и во соработка со Европската организација за стандардизација (CEN).
Работилницата, на која ќе учествува државниот сектретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска, се одржува во склоп на проектот „Вклучување на повеќе тела за стандардизација и национални организации за животна средина во стандардизација од аспект на животна средина”.
Овој проект, информираат организаторите, е финансиран од Европската Комисија и EFTA преку FPA договор помеѓу Европската Комисија и Европската организација за стандардизација (CEN).