Search

Рада, Рената, Мила и Зорица ќе куртулат од „метлата“ на Заев

Премиерот Зоран Заев на денешната трибина посветена на двегодишнината од формирањето на Владата, рече дека со претстојната реконструкција, нема да бидат опфатени жените кои се на министерските позции.

Одговарајќи на прашање од присутните на Форумот, Заев рече дека реконструкција за жените во Владата нема да има, бидејќи се малку. Но тој не кажа дали можеби нивниот број ќе се зголеми со најавените владини промени.

Сега, во Владата од 26 членови (заедно со премиерот Заев), на министерски функции се четири жени: вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерката за правда Рената Дескоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и  министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска.

Треба да знаете
Последни објави