Search

Израелската полиција интервенираше врз муслиманските верници во џамијата Ал Акса во Ерусалим

Израелската полиција со звучна бомба и солзавец интервенираше врз муслиманските верници кои реагираа против упадот на радикалните Евреи во џамијата „Месџид-и Акса”, во окупираниот Источен Ерусалим, пренесува агенцијата Анадолија.

Група радикални Евреи во придружба на израелската полиција упаднаа во „Месџид-и Акса”.

Според Анадолија, муслиманските верници реагирале со текбири против еврејските доселеници, додека израелската полиција со звучна бомба и солзавец интервенирала и претепала дел од нив.

Очевидци велат дека израелската полиција првин фрлила звучна бомба и солзавец врз муслиманските верници кои се засолниле во џамијата „Ал Акса”, а потоа присилно ги затворила вратите на месџидот.

Портпаролот на Дирекцијата на исламски вакафи во Ерусалим, Фирас Дибс изјави дека израелската полиција претепала еден од чуварите на џамијата и не дозволила здравствените служби да интервенираат.

Дибс нагласи дека околу 850 еврејски доселеници извршиле упад во „Ал Акса”.

Израел во 1967 година го окупираше Источен Ерусалим, кој потоа го анектираше во 1981 година, негирајќи го меѓународното право.

https://twitter.com/i/status/1135107279311777793

Треба да знаете
Последни објави