Каратистот Дервиши го освои првиот медал за земјава на Балканското првенство за деца во Бања Лука

Членот на македонската карате репрезентација Нуредин Дервиши го освои првиот медал за нашиот национален тим на 24-то Балканското првенство за деца во карате што се одржува во Бања Лука, БиХ.

Дервиши, кој е член на КК „Ускана ” од Кичево, вчеравечер го освои трето место и бронзениот медал во неговата категорија во силна конкуренција од 27 натпреварувачи од сите балкански земји. Тој оствари вкупно четири победи, но загуби од претставникот од Турција кој стана балкански првак.

-Во првата борба беше поуспешен од претставникот на Србија кого го победи со 5:0 , потоа победи со 3:2 со вториот претставник од Турција, во третата борба го совлада претставникот од Бугарија со 3:2, по што следуваше поразот од балканскиот првак од Турција.На петтиот свој настап во репасаж за трето место беше поуспешен од хрватскиот претставник и победи со резултат од 5:0, со што освои бронзен медал, информира Неџби Дервиши, тренерот на нашиот репрезентативец.

Ова е прв медал за нашата држава на ова балканско првенството во карате за деца на кое борбите продолжуваат уште денеска и утре.

Треба да знаете
Последни објави