Search

Која е плавушата која истрча на теренот на финалето на ЛШ во Мадрид?

Кинси Волански, девојка на Ју Тјуб ѕвездата, Виталиј Здороветски е плавушата која истрча на теренот за време на финалниот натпревар во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Тотенхем во Мадрид. Волански беше облечена во оскуден костум за капење на која беше реклама за рускиот порнографски веб-сајт„Vitaly Uncensored’, чиј сопственик е Здороветски.

Нејзиното момче влета на теренот во 2014 година во финалето на Светското првенство, по што тој беше забранет влез на големи спортски настани.

Волански (22) на Instagram има повеќе од 300.000 следбеници, а на таа социјална мрежи редовно објавува фотографии на која е полугола.

Пред да стане ѕвезда на Instagram, Волански била модел и снимала реклами во Лос Анџелес. Оваа година глумеше во холивудскиот филм „Slasher Party“.

Ју Тјуб каналот „Vitaly Uncensored’ објавува популарни видео снимки од измами од сексуална природа, а каналот има 1,6 милијарди прегледи.

Здороветски претходно работел како порно актер.

https://www.instagram.com/p/BZJuhzcn73F/

Треба да знаете
Последни објави