Хозе Антонио Рејес загина во сообраќајна несреќа

Поранешниот фудбалер на Арсенал Хозе Антонио Рејес (35), загина во сообраќајна незгода која што се случила денеска во близина на шпанскиот град Утрера. Според непотврдени информации, тој настрадал во својот автомобил.

Тимот на Севиља ја потврди веста: „Стигна страшна вест. Нашиот поранешен играч Хозе Антонио Рејес загина во сообраќајна незгода. Почивај во мир“, напишаа од Севиља.

Рејес играше во Севиља, Арсенал, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Бенфика, Еспањол, Кордоба, потоа во Кина во тимот на Ксинџијанг, а од 2019 година настапуваше за Екстрамадура. За шпанската репрезентација одигра 21 натпревар.

 

Треба да знаете
Последни објави