Синот на Митко Јанчев тешко повреден во сообраќајка

Малолетниот син на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев ноќеска бил тешко повреден во сообраќајна несреќа, јавува Независен.

Според МВР, Ноќеска, триесет минути по полноќ на крстосницата од ул.„8-ми Септември” и ул.„Гоце Делчев” во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Фолксваген пасат” со кавадаречкирегистарски ознаки, управувано од Н.А.(36) од Кавадарци и мопед „Априлија” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од петнаесетгодишно лице и сопатник на мопедот исто така, петнаесетгодишно лице. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле малолетниците и се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Митко Јанчев е сопственик на „Кожувчанка“, а до пред неколку месеци беше потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, но беше разрешен поради критиките кон раководството за ставот околу референдумот за името.

Треба да знаете
Последни објави