Р. Кели се соочува со уште посериозни обвиненија за сексуална злоупотреба

Поротата во Илиноис го осуди пејачот Р. Кели врз основа на 11 нови обвиненија во случајот за сексуален напад и сексуална злоупотреба, вклучувајќи и четири нови кривични дела со максимална затворска казна од 30 години.

Кели, 52, жестоко ги негираше сите обвинувања за сексуално малтретирање.

Менаџерот за кризи за Кели, Дарел Џонсон, рече: „Тој сé уште тврди дека е невин и ги негира сите обвинувања поднесени против него од страна на Јерхонда Пејс. Тој очекува брз и кус процес“.

Пејс напиша на нејзината Фејсбук страница: „Да, свесна сум за 11те нови обвиненија против Р. Кели. Да, сите нови обвиненија се поврзани со мојот случај“. „Да, знам дека неговите обожаватели се лути поради тоа. Ве молам, НЕ ме контактирајте за да ми кажете дека грешам што ги поднесувам овие кривичните обвиненија после толку многу години. Без разлика колку и мислите дека грешам, законот е на моја страна“.

Во февруари, Кели беше осуден по 10 точки од обвинението за тешка кривична сексуална злоупотреба, кое вклучува четири наводни жртви во периодот меѓу 1998 и 2010 година.

Неговиот адвокат рече дека новото обвинение не менува ништо, бидејќи се работи за истата жртва, како и дека очекуваат ист исход.

Кели треба да се појави пред судот на 6 јуни.

Треба да знаете
Последни објави