ВМРО-ДПМНЕ: Македонија лани не доби датум за отпочнување на преговори со ЕУ, нема ни оваа година

Република Македонија лани не доби датум за отпочнување на преговори со ЕУ, нема ни оваа година.

Земјоделството во Македонија е на лош пат, тоа го потврди и извештајот на Европската Комисија за Македонија. Во сите три поглавја кои го опфаќаат секторот земјоделство, речиси и да немаме напредок.

Во поглавјето 11, Земјоделство и рурален развој се вели дека не е постигнат напредок во овој сегмент. Ниските цени и слабиот откуп се препознаени и од ЕУ и се нотирани како слабост на нашето земјоделство.

Европската Комисија вели дека е потребна поголема поддршка за капацитетите за складирање на земјоделските производи.

Производителите на домат и зелка во струмичко го фрлаа својот род на депониите, исто како и јаболкарите во Ресен кои ги уништуваа своите долгогодишни насади разочарани од ниската откупна цена на јаболката. Сливарите во Пијанец и Малешевијата ги фрлаа сливите, истото се случи и со производителите на пиперка, бостан и другите земјоделски производи. Да имаше поголем број на складишни капацитети, производителите  ќе ги складираа своите прозиводи и ќе ги продаваа по достојни цени во одреден временски период.

Во поглавјето 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фито-санитарна политика, е задржана истата оценка која ја влечеме со години наназад, односно е остварена уште пред неколку години. Тука СДСМ нема направено ништо, дополнително за унапредување на оваа поглавје.

Во поглавје 13 -се вели дека не е постигнат напредок во однос на препораките кои биле дадени во минатиот извештај. Во овој сегмент министерството, т.е. Николовски и Зоран Заев немаат направено ништо во делот на инспекцијата и надзорот, ниту пак имаат направено чекор напред за усогласување на македонското законодавство со регулативите на ЕУ.

Извештајот е уште еден доказ дека Зоран Заев и за него успешниот министер Љупчо Николовски не се грижат за македонското земјоделство, напротив тие го урнисаа! Земјоделците низ државата со мака и голема работа не можат  да си ја обезбедат ниту егзистенција. Безнадежноста која ја креираа СДСМ, Заев и Николовски веќе се отсликува во се попразните села, необработените ниви и се помалку земјоделци во Република Македонија.

СДСМ и Зоран Заев мора да си заминат. Метлата мора да заигра за целата влада.

 

Треба да знаете
Последни објави