(Видео) Заев на ифтарска вечера: Ние сме едно општество со различни вери

За време на Рамазанскиот пост, да ја споменеме и да ѝ дадеме сила и на нашата заедница – Република Северна Македонија – една држава, едно општество на различни вери, изјави премиерот Зоран Заев кој синоќ организираше ифтарска вечера.

На вечерата  присуствуваа претседателот на Собранието, Талат Џафери, пратеници во Собранието, поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи, министри во Владата, градоначалници од повеќе општини во нашата земја, ректори на државните универзитети, бизнисмени и претставници на стопанските комори како и претставници на граѓанските организации.

По ифтарската вечера, премиерот Заев имаше свое обраќање пред присутните,  пришто истакна дека ова е празнично време кога семејствата се собираат и се осврна на значењето на муслиманскиот празник.

Треба да знаете
Последни објави