Стоилковски: Советникот на Зоран Заев го гледавме како водеше „Фолк Фест“ во Валандово

Советникот на Зоран Заев кој зема 40.000 денари од граѓаните, од Буџетот на Република Македонија вчера го гледавме како водеше „ФолкФест“ во Валандово. Граѓаните секојдневно плаќаат 850 евра за советниците на Зоран Заев. Секој  ден советниците на Зоран Заев граѓаните ги чинат 850 евра. Секојдневно граѓаните и државата тонат во долгови за Заев да си ги плаќа советниците, всушност да подмирува медиумски апологети и да задоволува партиски послушници.

Секогаш кога СДСМ се дограбува до власта Република Македонија  ја тресат афера со влечење на пари од буџетот на сметка на развојот на стандардот за граѓаните. Секогаш кога СДСМ ќе се дограби до власт, парите на граѓаните завршуваат во џебови на партиски советници и на партиски апологети.

Зоран Заев за две години набилда советничка листа чиишто состав претставуваат срам што ги надминува границите на Република Македонија. Додека земјата тоне во сиромаштија со економски параметри, меѓународни оценети со 0, Заев ангажира советници, посебни советници, надворешни советници за кои државата одвојува повеќе од половина милион евра годишно.

ВМРО-ДПМНЕ и до сега укажуваше на составот и на бројноста на советниците ангажирани од Заев. Најголемиот број од оние 63 на Советничката листа на Заев по ниту еден критериум не би биле ангажирани од ниту еден нормален владин, премиерски кабинет.

Во оваа прилика би потсетиле за ангажманот на командант Хоџа од црната листа на САД, невладин советник односно на советничката листа на Зоран Заев, потоа советникот Силвио Аврамовски за кој што споредни извесни укажувања има криминално досие заради пукање во полицаец што никогаш не беше демантирано со факти, потоа за советници се поставени  деца на блиски на Заев, роднини на функционери на СДСМ, партиски активисти, редовни апологети на власта низ медиумите во државата и надвор. Тука секако се и ангажирани новинари и медиумски работници- како „ФолкФест“ водителот Ѓорги Калајџиев, или новинарот од 24 вести, којшто се уште се медиумски активни додека се советници во Кабинетот на Зоран Заев.

Советничката листа на Зоран Заев ги надминува границите на Република Македонија како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, за кого српскиот претседател го посочи како човек протеран од таму и човек кој како рече крадел гаќи по трговски центри. Тие сега се економски советници и добиваат 1500 односно 1200 евра месечно од Буџетот на Република Македонија.

СДСМ се колнеше во мал владин кабинет кој што немало да има потреба од советници – се колнеа дека ќе ги намалат бројот на министерства на најмногу 20, така велеше Радмила Шекеринска. Сега само таа како министер има повеќе од 16 советници меѓу кои и двајца новинари ангажирани  за високи плати. Прашањето е што работат овие советници, коишто  државата ја чинат комплетно околу половина милион евра годишно? Што ли советуваат, што ли му советуваат на Зоран Заев ако државата и граѓаните тонат во долгови, а се повторуваат меѓународните критики?

Мора да престане ова залудно трошење на парите на граѓаните. Заев и СДСМ мора да си заминат од власта, а потоа да одговараат за сето залудно  трошење на Буџетот на народните пари. Македонија со ништо не заслужила вакво изживување врз неа.

 

 

Треба да знаете
Последни објави