Search

Општина Центар ги награди најдобрите работници во трите општински градинки

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ денеска ги додели наградите за најдобри негуватели и воспитувачи, а од оваа година за прв пат и за најдобри стручни (со) работници и помошно-технички персонал во сите три градинки и нивните клонови во Општина Центар.

Наградите кои Општина Центар традиционално ги доделува се согласно претходно утврдени критериуми воспоставени на ниво на општина, а креирани во координација со директорите во градинките. Наградниот фонд предвидува еднократна парична награда во висина од една просечна нето плата согласно последната објава на Завод за статистика на РСМ, односно 24.500 денари.

– Од оваа година за првпат, Општина Центар воведе и награди за стручни (со)работници и помошно-технички персонал чиј влог во развојот на децата во градинките е подеднакво голем. Уверен сум дека овие награди ќе бидат стимул и мотивација за сите вработени да продолжат посветено да работат во интерес и за доброто на нашите најмали,  изјави градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ.

Оваа година, трите наградени воспитувачки се: Снежана Гуцуљ од ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин”, Валентина Драгшиќ од ЈУДГ ОЦ „13 Ноември”, и Викторија Маџаревска од ЈУДГ ОЦ „Раде Ј. Корчагин”.

Наградени негувателки се: Лила Тодоровска од ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин”, Славица Митева од ЈУДГ ОЦ „13 Ноември” и Момица Бошњаковска од ЈУДГ ОЦ „Раде Ј. Корчагин”.

Наградени стручни (со) работници се: Љубинка Митковска од ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин”, Д-р Славица Арсовска од ЈУДГ ОЦ „13 Ноември” и Виолета Чорбаџиева од ЈУДГ ОЦ „Раде Ј. Корчагин”.

Награден помошно-технички персонал: Марика Теофиловска од ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин”,Славица Здравевска од ЈУДГ ОЦ „13 Ноември” и Драган Митковски од ЈУДГ ОЦ „Раде Ј. Корчагин”.

Треба да знаете
Последни објави