Од утре илјада унгарски војници на српската граница поради мигрантите

Шефот на унгарската полиција Јанош Балог најави дека од утре на границата со Србија ќе бидат стационирани илјада унгарски војници, под команда на полицијата.

– Војниците, заедно со своите колеги од Србија, ќе работат на обезбедување на границата поради зголемениот притисок од нелегалната миграција, рече Балог.

Тој на прес-конференција во местото Реске, на границатасо Србија, истакна дека полицијата минатата година спречувала околу сто мигранти неделно, а годинава тој број е дуплиран.

– Од 1 јуни до крајот на август, вкупно илјада војници ќе ја извршуваат должноста на српската граница под команда на полицијата, изјави командантот на Унгарската војска, Ференц Кором

Треба да знаете
Последни објави