Објавен трејлерот за новиот филм со Рамбо

Трејлерот за петтиот и, според зборовите на Силвестер Сталоне (72), последен филм за виетнамскиот ветеран Џон Рамбо е објавен. Филмот „Rambo: The Last Blood” е во режија на Адријан Грунберг според сценариото напишано од Сталоне и Метју Цирулник (43). Во филмот, Сталоне се обидува да ја спаси ќерката на својот пријател, која беше киднапирана од Мексиканците.

„Живеев во светот на смртта. Ги гледав луѓето што ги сакам како умираат“, вели Рамбо на почетокот на трејлерот кој има повеќе од еден милион прегледи на Јутјуб за само неколку часа.

„Сакам да знаат дека смртта доаѓа и ништо не можат да сторат за да ја запрат”, вели Сталоне на крајот од трејлерот.

Треба да знаете
Последни објави