ДУИ се чувствителни на оставки и метли, велат од ГДУ

Кога се во прашање оставки или „метлата“ очигледна е нервозата и чувствителноста кај ДУИ, особено по протекувањето на нови нелегално прислушувани разговори на социјалните мрежи за функционери токму од оваа партија, велат од Граѓанско демократската унија преку соопштение.

Сепак, додаваат од партијата, уште поочигледно е дека на Заев потешко ќе му оди со „метењето“ во Владата, отколку во партијата, со оглед на тоа што министрите од ДУИ јасно порачаа дека за нив одлучува лидерот Ахмети, а не премиерот.

„Ова ќе биде тест за премиерот, дали ќе се ослободи од неспособните, или лидерот ќе ги заштити „белите мечки“.
Но она што се наметнува како дилема е зошто новите „бомби“ се појавија пред владината реконструкција? Дали целта е за да се намали влијанието на ДУИ во коалицијата?

Дополнително загрижува ширењето на нови прислушувани разговори преку интернет. Заев убедуваше дека сите материјали се во рацете на Јанева и нејзиниот тим. СЈО сега не убедува дека новите „бомби“ не се од кај нив, а МВР и Основното јавно обвинителство никако да истражат до крај како овие разговори излегуваат во јавност.

ГДУ бара надлежните да одговорат од кога се овие прислушувани разговори и како стигнале во рацете на објавувачите. Колку вакви материјали има како што се шпекулира на црниот пазар во земјава и надвор од границите на државата?“, додава ГДУ.

Треба да знаете
Последни објави