Search

ГДУ-Штип:Голема нехигиена и хорор сместувачки капацитет во бањата Кежовица

Потпретседателот на Граѓанско демократска унија – Штип, Марјан Михов, на прес-конференција постави неколку прашања во врска со долгогодишниот проблем за бањата Кежовица – Штип.

,,Би сакале да прашаме, до кога елитните политичари ќе го потценуваат својот народ? Дали не мислат дека е време да застанат црвсто позади кажаниот збор, позади своите ветувања и секако, да разберат дека народот сака дела, а не празни ветувања. Општина Штип има една тажна приказна. Тоа се природните ресурси кои ја претставуваат автентичноста на нашиот град, кои не само што не се искористени, туку се фрлени во болно минато и заборав.Термоминералните извори на бањата Кежовица, како и Центарот за рехабилитација, веќе долго време се далеку од видот и слухот на надлежните”, изјави тој.

Според МИхов, овие извори на лековита вода се дел од секојдневието на граѓани кои имаат потреба од терапија и рехабилитација.

,,Ужасните простории, големата нехигиена, како и хорор сместувачкиот капацитет, се само дел од таа тажната приказна. Бог не дарувал со богатство, но залудно, бидејќи личниот интерес е пред сѐ и над сѐ!Би сакале да го прашаме политичкиот врв, кога последен пат бил во бањата Кежовица?Дали своите деца или блиски роднини би ги испратиле на рехабилитација и уживање во благодетите и лековитите својства во Кеживица?Дали размислуваат да стапат во акција за искористување на даденото од природата, или сето ова им е далечно и туѓо, па затоа се наоѓаме на ова дереџе?Штип има туристички потенцијал, но прашањето е дали имаме вистински луѓе на вистински позиции?

Примерите од соседството велат дека инвестиција во спа-туризам овозможува економски раст и развој на еден град, на цел регион, но и на државата.Додека сите во светот сонуваат за вакви природни ресурси, ние сѐ уште будни замижуваме на даденото од Бог.Како заклучок би ги замолиле претставниците на ДПМНЕ и СДСМ да не се обвинуваат едни или други за состојбата на Кежовица и рехабилитациониот центар, бидејќи повеќе од 28 години ништо не направија и едните и другите. Ние од ГДУ не бараме виновник, бараме спас и развој за Кежовица. Бараме модерен проект кој ќе го заживее градот Штип и Ново Село, ќе донесе туристи, работни места и економски раст”, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави