Search

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинението за 27 април е неосновано и правно неиздржано

,,Република Македонија доживува крах на сите полиња. Неуспехот на Владата на СДСМ кулминира со недобивањето на датумот за преговори кој Зоран Заев го прославуваше уште лани.СДСМ и Зоран Заев во очај продолжуваат да ја покриваат неспособноста со политички прогон, селективна правда и демонстрирање на сила кон сите политички противници”, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, покренатото обвинение за случајот со собраниските настани од 27 април е целосно неосновано, правно неиздржано и класична монтирана нарачка од Зоран Заев со која треба да се направи дефокус од неуспесите и коруптивните скандали на владата.

,,Зоран Заев е свесен дека државата тоне и владиниот криминал се покрива преку монтирани политички случаи каде што се гонат членови на ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ и Заев се свесни за крајот на нивните политички кариери. СДСМ и Заев еден ден ќе одговараат за политичкиот прогон што го прават”, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави