ВМРО-ДПМНЕ:Време е криминалната банда на власт да ги симне розовите очила

Дали аболицираниот Заев смета дека е успех, што во Република Македонија повеќе од половина милион луѓе го минуваат денот со еден оброк на ден, живеејќи на работ на егзистенцијата во сиромаштија?!

Дали Заев и неговата криминална банда сметаат дека катастрофалната  реализација на капитални инвестиции од 9,8 проценти во првите три месеци е успех за државата и неговата влада?!

Дали за Заев забелешките на Европската Комисија во извештајот за напредокот на земјава се нерелевантни?

Во најновиот извештај на Европската Комисија се нотира дека инвестициите кои се зголемувале со 5 проценти во периодот од 2012-та до 2016-та година никогаш не се опоравиле. Се нотира и ниското ниво реализација капитални инвестиции.

Време е криминалната банда на власт да ги симне розовите очила, а доколку не го стори тоа народот ќе им ги симне на следните парламентарни избори. Тоа што бизнисите на кланот Заеви и луѓето блиски до оваа клапа буквално цветаат, не значи дека Македонија блеска. Тоа што на Трајче Мајбахот блеска на летното сонце по монденските места ширум Европа, не значи дека обичниот човек може да си дозволи да замине на одмор.

Крајот на Заев е близу, тој на следните избори заминува во политичка пензија за доброто на сите. Македонија ќе се врати на вистинскиот пат, на економски раст и добробит за сите граѓани.

Треба да знаете
Последни објави