Search

ВМРО-ДПМНЕ:Анѓушев по налог на Заев се обидува да ја измами јавноста

„Таа дупка не е дупка“ е основната поента на прес-конференцијата што ја одржа Кочо Анѓушев. Анѓушев по налог на Заев повторно се обидуваат да ја измамат јавноста со презентирање поинаква состојба со странските директни инвестиции.Зоран Заев и Кочо Анѓушев се патолошки лажговци. Друго образложение за апсурдниот настап нема, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, денес Кочо Анѓушев ја манипулираше македонската јавност. Тој ја оспорува методологијата на НБРМ и од тековите по основ на Странски директни инвестиции ги исклучува должничките инструменти, нешто што никогаш не се правело, дури ни на претходните прес- конференции држени од него.

,,Зошто Анѓушев не призна дека заедно со Заев лажеле за 2018 година и не објави дека странските директни инвестиции во 2018 година не изнесуваат 624 милиони евра, туку 395 милиони евра, доколку се исклучат должничките текови.Измамниците Заев и Анѓушев ги презентираат податоците мислејќи дека никој не разбира што прават.Доколку Заев и Анѓушев не знаат да читаат и не ги разбираат извештаите, нека ангажираат некој што ќе им го протолкува и извештајот на ЕК во кој што има зачуденост од ниската реализација на капиталните инвестиции, потфрлањето во растот и расфрлањето со парите на граѓаните.Со секој ден на Заев и Анѓушев во владата во Македонија се живее се потешко. Време е измамниците да се изметат”, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави