Лана дел Реј во непрепознатливо издание, здебелена и без шминка

Американската пејачка Лана дел Реј (33) беше на врвот на својата кариера со албумот „Born to die“ во 2012 година, а имаше и впечатлив ретро стил.

Атрактивната музичарка потоа ја критикуваа поради пластичните операции на лицето со кои ги изобличи усните и носот, но таа тврдеше дека не ја погодуваат злите коментари.

Лана денес изгледа речиси непрепознатлива, папараците ја фотографираше кога одеше на вечерна миса во Беверли Хилс на почетокот на неделата.

Пејачката беше во одлично расположение и не обрнуваше внимание на фотографите, а многумина забележаа дека не се шминка како некогаш и дека се здебелила.

Медиумите почнаа да пишуваат за Лана во мај, откако музичарот Моби (53) го опиша нивното излегување од 2006 година во неговите контроверзни мемоари „Then It Fell Apart“. Тој, меѓу другото, напишал дека се бакнувале, но пејачката потоа не му се јавувала.

Треба да знаете
Последни објави