Search

САД забрануваат користење на руски и кинески ракетни системи за лансирање сателити

Министерството за одбрана на САД ги вклучи Кина и Русија во списокот на земји чии услуги се забранети при лансирање американски комерцијални сателити поради ризици во сферата на кибер безбедноста, се дознава од регистерот документи на американската Влада, објавен денеска.

Новите правила важат од 31 декември 2022 година, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Во списокот се Кина, Русија, Северна Кореја, Иран, Судан и Сирија.

За Русија, на пример, новите забрани се однесуваат на сателити и стартни инсталации за нивно лансирање. Претходно стана извесно и дека од 2022 година САД ќе запрат со користење на руските ракетни мотори РД-180. 

Треба да знаете
Последни објави