Search

Рабиот на мета на Бетис

 Шпанскиот Бетис му понуди дури 50 отсто од идната продажба на фудбалерот на ПСЖ, Адриен Рабиот, доколку овој одлучи да замине кај андалузискиот клуб.

Иако понудата на Бетис изгледа многу примамлива, не е сигурно дали Рабиот ќе се согласи да игра во клуб кој нема да настапува во Лигата на шампиони.

Францускиот играч за врска во медиумите веќе секоја недела се спомнува како можно засилување на европските великани како Јувентус, Барселона и Реал Мадрид, сепак, за 24-годишниот  париски фудбалер ќе одлучува мајка му, која воедно му е и менаџер.

Инаку, Адриен одлучи како слободен играч да го напушти парискиот клуб и кариерата да ја продолжи во некој од големите европски клубови.

Треба да знаете
Последни објави