Search

Промовиран романот „Ноќта кога ја напуштив Прага” на тетовскиот автор Јован Илиески

– Младиот тетовски писател Јован Илиески ја промовираше својата четврта издадена книга „Ноќта кога ја напуштив Прага”.  Пред тетовската публика за книгата зборуваше промоторот Ксенија Николова.

-Книгата се роди спонтано. Ингрид е најубавата главна хероина од сите ликови кои сум ги создал. Сметам дека оваа книга ме отсликува мене и баш она што сум, иако се работи за дејствие што се случува во времето на Првата светска војна. Делото претставува историска и љубовна приказна каде има порака да имаме поголема храброст. Кога барем секој еден би имал повеќе храброст светот би бил подобро места за живеење, рече дваесет годишниот автор.

Илиески твори од својата 15-та година и е автор на книгите „Душа на парче хартија”, „Кругот на животот” и „Сенки на полноќ”.  Романот „Ноќта која ја напуштив Прага” е издадена од издавачката куќа Култура.

Треба да знаете
Последни објави