Search

Нијанг останува во Рен

 Напаѓачот Мбаје Нијанг, по само една година во францускиот клуб како позајмување од Торино, успеа да ја убеди управата на клубот да го купат за 15 милиони евра.

Сенегалскиот репрезентативец изминатава сезона за француската екипа постигна 14 голови, што беше пресудно да решат да го задржат во Франција.

Нијанг на ист начин дојде и во Торино, како позајмување од Милан, но откако беше откупен, веднаш беше позајмен на францускиот клуб.

Кариерата ја почнал во Каен, а на 18 години веќе бил член на Милан, каде што не ги исполнил очекувањата, така што бил позајмуван, покрај Торино и Рен, и на Монпеље, Џенова и Вотфорд.

Треба да знаете
Последни објави