Search

Градоначалникот на Кисела Вода ги посети обновените градинки во општината

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ направија увид во извршените активности за обнова на објектите на ЈДГ 8-ми Март, Пеперутка 1 и Пеперутка 2.

Локалната самоуправа видно ги подобри условите за престој на децата во објектите Пеперутка 1 и 2, лоцирани во населбата Драчево. Во овие објекти извршено е молерисување на ѕидна површина од 3200 м2 и изработени се 250 м2 плафони од гипс картон. Во дел од просториите поставени се нови светилки со што подобрено е и осветлувањето. Во периодот што следува во истите објекти целосно ќе се реконструираат тоалетите за децата.

Општината и во иднина ќе продолжи да вложува и да работи во насока за подобрување на условите за престој на децата во градинките кои се во нејзина надлежност.

Треба да знаете
Последни објави