Search

Алијанса за Албанците: Хаосот на Гинекологија треба да има судски епилог

Продолжува тонењето на здравството во хаосот кој трае повеќе од 20 год. со старите проблеми но со нови скандали, кои директно или индиректно влијаат врз квалитетот на здравствените услуги и врз взаемната доверба. Владата и авторите на ова здравствена политика не можат да ја најдат формулата за да се излезе од овој ќорсокак,  каде што една од причините е недостатокот на конкретни идеи и тимската работа, но најважно и пред се во оваа група продолжуваат да учествуваат лица кои служеа во времето на режимот ВМРО-ДУИ.

Комисијата за Здравство на Алијансата за Албанците внимателно ја следеше и ја следи новонастанатата ситуација во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Не изненади брзината на разрешување на организациониот директор, со образложение за нарушување на меѓучовечките односи што може и да биде вистина, но логично е а и праведно ако беа разрешени и двајцата директори. А од друга страна, поднесената тужба против медицинскиот директор на клиниката ќе треба да биде обработена и да добие судски епилог.

Треба да знаете
Последни објави