Финалето во ЛШ ќе биде најобезбедуваниот спортски настан во Шпанија

Претстојната битка меѓу Тотенхем и Ливерпул во саботата ангажира досега невидени ресурси за властите во Шпанија.

Мадридската полиција соопшти дека финалето на Лигата на шампионите ќе биде најобезбедуваниот спортски настан досега во земјата. Тој се смета за натпревар од висок ризик, и затоа 4.700 униформирани лица ќе бидат ангажирани за безбедноста на „Ванда Метрополитано”.

Одделно, ќе циркулираат голем број беспилотни летала, така што полициските службеници ќе имаат подобра видливост за да реагираат побрзо ако е потребно.

– Сакаме да му покажеме на целиот свет дека Шпанија е безбедна, но сепак гостопримлива земја, рече шефот на полицијата, Франциско Пардо.

Околу 40.000 англиски навивачи имаат билети за натпреварот, но уште 20-30.000 немаат, но ќе бидат во Мадрид. Од нив се очекува да го гледаат натпреварот во фанзоната и многуте локали, што сигурно ќе создаде работа за униформираните лица.

Треба да знаете
Последни објави