Раул на чело на вториот тим на Реал Мадрид

Раул ќе го преземе вториот тим на Реал Мадрид, пишува денеска „АС”. Досега легендарниот напаѓач на „белите” работеше во академијата на поранешниот европски клупски шампион.

Перспективите пред 41-годишниот Раул се еден ден да стане тренер на сениорскиот тим на Реал.

Раул играше за „кралевите” помеѓу 1994 и 2010 година. Потоа тој го носеше дресот на Шалке, Њујорк Космос и Ал-Сад

Поранешниот напаѓач има 102 натпревари и 44 гола во дресот на шпанскиот национален тим.

Треба да знаете
Последни објави