Search

Роберт Милер поднесе оставка, му нагласиле дека е противуставно да го обвини Трамп

Специјалниот обвинител Роберт Милер, кој работеше на извештајот за соработката на Трамп со Русија, ја објави својата оставка во Министерството за правда.

Милер денеска се обрати пред јавноста првпат по извештајот.

„Ројтерс“ јави дека Милер во обраќањето рекол оти ја затвора канцеларијата и се повлекува од својата позиција во Министерството.

Тој истакнал дека неговиот извештај говори самиот за себе, но додал и дека, според инструкциите што ги добил од Министерството, неговата канцеларија не можела да го обвини претседателот. Од тамошното Министерство му нагласиле дека е противуставно да го обвини претседателот.

„Ако бевме уверени дека Трамп не направил никакво злострорство, јасно ќе го кажевме тоа“, вели Милер.

„Не заклучивме во извештајот дали направил злосторство или не“, изјави тој.

Истрагата покажа дека немало поврзаност помеѓу кампањата на Трамп и Русија, меѓутоа не го исклучи претседателот од делото попречување на правдата.

Треба да знаете
Последни објави