Search

Павлопулос: Да испратиме порака дека сме застапници за мир и пријателство

Претседателот Грција, Прокопис Павлопулос упати порака до Турција дека неговата земја е застапник за мир и пријателство меѓу народите и цврст гарант на меѓународните и европските текови.

– Мораме да ја браниме оваа цивилизација, особено денес, во рамки на големото европско семејство, против оние кои ја поткопуваат европската конструкција и корените на нејзината култура, истакна Павлопулос.

Тој додаде дека „врз основа на наследството на оваа цивилизација, мораме да испратиме порака на сите, а посебно на нашиот сосед Турција, дека сме застапници на мирот и пријателството меѓу народите”.

Во последно време односите меѓу Грција и Турција се затегнати. Грчките власти ја обвинуваат Турција дека постојано го нарушува суверениот воздушен простор на Грција со прелети на свои борбени авиони, како и Екслузивната економска зона околу Кипар.

Треба да знаете
Последни објави