Search

Мурињо пред финалето на ЛЕ: Арсенал е под поголем притисок

Жозе Мурињо верува дека неговиот поранешен клуб Челзи има мала предност над Арсенал во финалето на Лигата на Европа. Ова е затоа што „сините” веќе си загарантираа учество во Лигата на шампионите, додека ривалот заврши надвор од првите 4 во Премиер лигата. Поголем е притисокот врз Арсенал, бидејќи овој тим ќе се бори за да ја спаси сезоната со влез во ЛШ. „Топџиите” ќе играат за милиони евра, за чест и за некаков успех во оваа кампања, рече Специјалниот за „Скај Спортс”.

Мечот во Баку ќе биде последен во кариерата на Петар Чех и скоро сигурно последен за Еден Азар во дресот на Челзи.

– Ова е меч која треба да си го избереш за крај на кариера. Сигурен сум дека Чех ќе сака да се пензионира со успех. Тој е победник и победил толку многу пати. Азар беше клучот за успесите на сегашната генерација на Челзи. Мислам дека ќе се обиде да биде она што е најголем дел од времето – фантастичен на теренот. Еден ќе се надева дека ќе го подигне последниот трофеј, пред најверојатно да оди во Реал Мадрид, додаде Мурињо.

Треба да знаете
Последни објави