Search

Манифестација „Иновативно претпријатие на годината 2019″

– Манифестацијата „Иновативно претпријатие на годината 2019″, која има за цел да ги промовира и награди македонските претпријатија кои успешно лансирале иновација во своето работење, да промовира успешни бизнис модели и достигнувања базирани на иновации и нови технологии во сите индустриски сектори, ќе се одржи денеска во Скопје.
На манифестацијата ќе бидат прогласени најиновативната старт – ап, мала и средна компанија, каде секоја ќе биде наградена со по 200.000 денари, средства обезбедени со поддршка на Град Скопје. Средствата компаниите ќе можат да ги искористат за унапредување на конкурентноста на иновацијата и интернационализација на бизнисот.
Националниот натпревар „Иновативно претпријатие на годината 2019″ се спроведува во рамки на
проектот „Јакнење на конкурентноста на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации”, финансиран од Европската Унија.
Проектот го спроведуваат Фондација Претприемачки Сервис за Млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и АРК Фонд.
Треба да знаете
Последни објави