Излегла на терен и со својот изглед повторно ја шокирала јавноста

Една година откако ја изненадила јавноста со својот изглед на терен, Серена Вилијамс и оваа година го направила истото и предизвикала лавина од коментари.

Серена за првото коло на овогодишниот турнир Ролан Гарос избрала многу необичен изглед, ништо помалку интересен од минатогодишниот изглед кој претседателот на францускиот тенискиот сојуз го забранил затоа што бил оценет како за непристоен.

Суперѕвездата на белиот спорт и “сопственичка“ на 23 Гренд слема на теренот изглегла со облека која за неа ја дизајнирала една спортска дизајнерска куќа.

Фустан со зборовите “мајка, шампионка, кралица“ на француски јазик во скратено издание, носела на теренот во натпреварот против Виталија Диатченко, која ја победила.

На социјалните мрежи ни овојпат не изостанале реакциите.

Фановите на тенисерката ѝ дале поддршка и комплименти за нејзината комбинација која ја носела на терен.

Но, имало и такви кои коментирале дека Серена била облечена како зебра па затоа некои се прашуваат дали ова е добро или лошо.

Треба да знаете
Последни објави