Search

Директорот на ЈП „Комунална хигиена” на конференција за отчетност

Директорот на ЈП „Комунална хигиена”-Скопје, Абдусамед Шабани, денеска учествуваше на Конференцијата за интегритет и антикорупција во бизнис-секторот, во организација на Центарот за граѓански комуникации, Здружението „Конект” и Проектот за зајакнување на интегритетот и антикорупцијата, финансиран од Европската Унија.

Како учесник на панел-дискусијата на тема „Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост”, директорот Шабани наведе дека како јавно претпријатие „Комунална хигиена”-Скопје има должност да презентира високо ниво на отчетност и транспарентност пред јавноста.

Активностите на ЈП „Комунална хигиена”-Скопје отсекогаш претставувале предмет на интерес како на медиумите така и на корисниците на нашите услуги и во тој контекст настојуваме секојдневно да ја информираме јавноста за сите видови на активности и да презентираме детален отчет за постигнатите резултати во секој сегмент од нашето дејствување. На официјалната интернет-страница редовно се објавуваат оперативните, како и извештаите за  финансиското работење на Претпријатието. Задоволни сме што се наоѓаме меѓу првите шест претпријатиа рангирани според нивото на транспарентноста и  континуирано работиме на унапредување во оваа насока.”- нагласи директорот на ЈП „Комунална хигиена”-Скопје, Абдусамед Шабани.

Треба да знаете
Последни објави