Search

Грчкиот претседател до Турција: Ние се залагаме за мирот и пријателството помеѓу народите

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос упати порака до Турција дека неговата земја е заговорник за мирот и пријателството меѓу народите и цврст гарант на меѓународните и европските текови, пренесе грчката агенција „АНА-МПА“.

„Мораме да ја браниме оваа цивилизација, особено денес во рамки на големото европско семејство, а против оние кои ја поткопуваат европската творба, корените и нејзината култура“, истакна Павлопулос.

„На основа на наследството на овие цивилизации, мораме да испратиме до сите, а особено до нашиот сосед Турција, порака дека сме заговорници на мирот и пријателството помеѓу народите“, истакна грчкиот претседател.

Треба да знаете
Последни објави