Search

Перез: Нема да негирам, го сакам Азар во Реал Мадрид

Шефот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, јавно потврди дека го сака Еден Азар во својот тим. Градежниот магнат не ги крие своите надежи да го направи репрезентативецот на Белгија новата голема ѕвезда на „белиот балет” следната сезона.

Иднината на 28-годишниот играч кај „сините” од Лондон воопшто не е сигурна, а разврската ќе настапи по одигрувањето на утрешното финале во Лига Европа против Арсенал. Азар влезе во последната година од договорот, кој тој одбива да го обнови неколку пати. За многумина, ова е начинот на халфот да му каже на Челзи дека тој инсистира да биде продаден.

Перез во интервју за „Гол” изјави дека се надева на успешна за Реал разврска, во однос на прашањето за Азар.

– Имам многу силен интерес за Еден Азар, кој сакам да го видам во Реал Мадрид. Јас нема да го негирам тоа. И се надевам дека следната сезона Азар ќе игра за Реал Мадрид. Тој е еден од најголемите играчи во фудбалот”, соопшти шефот на „Лос Меренгес”.

Треба да знаете
Последни објави