Search

Мотоциклист излета од автопатот Скопје – Велес

Велешанецот П.Л. (27) бил тешко повреден откако паднал со мотоциклот што го управувал, вчера вечерта на автопатот Скопје-Велес.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 19 часот, помеѓу двата тунели во близина на велешкото село Башино село. Мотоцикл „кавасаки“ со велешки регистарски ознаки, управуван од П.Л. излетал од патот.

Од падот П.Л. се здобил со тешки повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес, а потоа и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

Треба да знаете
Последни објави