Search

„Интеграција на идентитети” – изложба на македонски и бугарски уметници

Во Арт-центар Банќа во Софија вечер од  18.30 часот  ќе биде отворена изложбата „Интеграција на идентитети” од 21 автор од Северна Македонија и Бугарија, која е дел од неколкугодишниот проект „Поврзување” на нашиот Културно-информативен центар во Софија.

-За нејзината подготовка и остварување помогнаа кураторите од  двете земји, Горанчо Георгиевски и Свилен Стефанов. По неколкугодишното заедничко делување и дружење, авторите Марјан Ѕин, Зоран Мише, Павел Целкоски, Горан Тричковски,  Маријана Иванова, Перица Георгиев и Иво Пецов, кои се од Северна Македонија, но живеат и работат во Бугарија, изразија желба за проширување на проектот, во кој се вклучија еминентни ликовни автори од двете земји, соопшти КИЦ во Софија. 

Треба да знаете
Последни објави