Search

Во Кисела Вода се одржа Мултимедијален хепенинг

Денес во организација на Општина Кисела Вода во Паркот на бранителите, во населба Драчево се одржа Мултимедијален хепенинг на отворен простор.

На овој забавен настан ученците од општинските основни училишта и двете училишта за деца со пречки во развојот лоцирани во Кисела Вода пред присутните преку изведбите на бројните музичко-ритмички точки и одлично насликаните ликовни дела го покажаа својот  талент. Настанот во Кисела Вода се одржа по деветти пат.

Општината и во иднина ќе продолжи да организира и да поддржува настани што ќе имаат за цел пронаоѓање на нови таленти помеѓу учениците.

Треба да знаете
Последни објави