Перез: Кристијано Роналдо е најголемиот играч, со кој сум потпишал

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез призна дека Кристијано Роналдо е најголемиот играч со кој тој потпишал, како и дека е одличен професионалец кој никогаш не предизвикал проблеми.

– Мислам дека сакаше нови предизвици и го искористи моментот да ги побара. Кристијано никогаш не предизвика проблеми. Тој е најголемиот играч што некогаш сум го привлекол во тимот, а мојата врска со него отсекогаш била одлична. Ние немавме проблемивооднос на парите, рече Флорентино Перез пред „Онда Черо”.

Тој додаде дека не се вистинити гласините дека тој заминал од Реал поради проблемите со даночните служби.

– Кристијано сакаше промена и да го подобри неговиот договор, па така го најде Јувентус и сите беа среќни. Тешко е да се најде замена на некој како Роналдо, но ние имаме добри играчи. Сепак, не мислам дека тоа беше нашиот проблем оваа сезона, додаде шефот на „белите”.

Треба да знаете
Последни објави