Search

Фотографија од орел како лета над вода стана хит на социјалните мрежи

Фотографија од ќелав орел како лета и со двете крила допира вода, стана вирална и предизвика голем интерес на социјалните мрежи.

Канадскиот фотограф аматер, Стив Биро, изјави дека е водушевен од реакциите низ светот на неговата фотографија од ќелав орел, која ја снимил во канадскиот конзерваториум за птици и ја објавил во група за фотографии на Фејсбук.

Фотографијата од птицата грабливка со нејзините продорни очи е многу интересна и невообичаена. Таа е една од стотината фотографии кои Биро ги снимил тој ден, но одлучил токму оваа да ја сподели на социјалните мрежи.

Биро вели дека орелот, кој е навикнат на фотографи, кои го посетуваат центарот за рехабилитација и истражување на птици во Онтарио, изгледал вознемирено, на местото каде што бил сместен со неговиот фотоапарат.

„Тој всушност се обиде да ме избрка од местото каде бев сместен“ рекол Биро. „Можев да почувствувам ветер додека леташе над мене. Други луѓе кои беа таму занемеа додека се доближуваше до мојата глава, навистина беше возбудливо“ додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави