Search

Собранието ги донесе измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа

Собранието со двотретинско мнозинство денеска го донесе Законот за  изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Целта на овие измени е надминување на констатираните непочитувања и недоследности на професионалната етика, основните принципи на ризично управување кои беа утврдени во препораките содржани во извештаите за земјава на Европската комисија, идните реформски приоритети, препораките на групата на високи експерти предводени од Рајнхард Прибе преку воспоставување на модел за реформа на безбедносно – разузнавачкиот систем во Република Северна Македонија со кој Управата за безбедност и контраразузнавање нема повеќе да биде орган во состав на Министерството за внатрешни работи, а во постоечкото законско решение ќе биде утврден нов организациски облик на самостоен орган на државната управа кој ќе се вика Совет.

Пратениците дадоа поддршка и на Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2018 година.

Во Собранието денеска заседаваа и Комисијата за европски прашања, Комисијата за политички систем, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно – правната комисија.

Треба да знаете
Последни објави