Search

Актуелниот претседател на Малави освои нов мандат

Актуелниот претседател на Малави, Питер Мутарика победи на претседателските избори, освојувајќи 38,57 отсто од гласовите, соопшти денеска Изборната комисија.

Мутарика со тесна победа обезбеди нов петгодишен мандат за претседател на Малави, југоисточна Африка.

Лазарус Чаквера од опозициската Конгресна партија освои 35,41 отсто од гласовите, додека заменик претседателот Сауосл Чилима освои 20,24 отсто.

Треба да знаете
Последни објави