Search

Највисок одѕив на изборите за ЕП во последните 20 години

Европскиот парламент соопшти дека одѕивот на гласачите за ова тело на ЕУ е највисок во последните 20 години и изнесува близу 51 процент, според прелиминарните податоци.

Портпаролот на Европскиот парламент, Жом Душ Жило, рече дека тие податоци ги опфаќаат 27-те земји на ЕУ, но не и Велика Британија, за која се очекуваат во вечерните часови.

-Дојде до изразено зголемување на излезноста првпат од одржување на првите избори за Европскиот парламент во 1979 година, рече Жило.

Изборите за ЕП почнаа во четвртокот со гласање во Велика Британија и Холандија, а завршуваат денеска. Право на глас имаат околу 426 милиони граѓани на ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави